Инспекторите на Општина Центар се на терен и вршат надзор над спроведувањето на одобренијата за поставување на урбана опрема од страна на правни субјекти напиша градоначалникот Горан Герасимовски на социјалните мрежи.
„Во таа насока, упатувам апел до сите правни субјекти што имаат поставено урбана опрема да го усогласат своето работење согласно одобрението што го имаат добиено од општината. За секоја узурпација на јавниот простор за која нема соодветно одобрение ќе бидат издадени глоби и казни од инспекциските служби на Општината“ вели Герасимовски
Ваквиот апел доаѓа откако деновиве беше забележано дека на Кејот 13-ти Ноември од страна на некои кафеани беше узурпиран дел намет за пешаци. Од општината излегле на терен ги констатирале овие недостатоци и изрекле казни за несовесните кафеани. Оние кои заработија казни се „Дион“, „Карпе дием“, „Соул кичен“, „Бела виста“ и „Торос“.