Општина Центар се пофали на „Европската недела на мобилност“

- Денеска на панел дискусијата во рамките на „Европската недела на мобилност“ ги истакнав начините со кои Општина Центар поттикнува користење на електрични возила и со тоа дава придонес во намалување на аерозагадувањето и заштитата на животна средина:

Први ги ослободивме од наплата за паркинг електричните и хибридни возила

Поставивме полначи за струја на паркиралиштата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со ЕВН

Имаме 4 електрични возила во службата на ЈП „ПОЦ“

Субвенционираме купување на е-тротинети и е-велосипеди

Создаваме инфраструктура – вело патеки и паркиралишта -  информираше градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ.