Општина Центар ќе добие мобилни сензори и уреди за мапирање на бучавата

Мобилни сензори и уреди за мапирање на точките со бучавата над законските ограничувања што го нарушува квалитетот на живот на жителите во околината ќе добие Општина Центар.

Советот на Општина Центар го прифати овој амандман на Шанса за Центар во расправата за буџетот.

- Тоа ќе биде уште еден наш предлог кон подигнување на квалитетот на живот во општината. Бучавата е голем стрес-фактор во урбаното живеење. Живот во град секако подразбира и повеќе бучава. Но ако таа е прекумерна и не е доволно ограничена, го нарушува мирот и квалитетниот сон на луѓето, а со тоа и нивото физичко и ментално здравје. Мерењето на бучавата за да се мапираат проблематичните точки ќе биде во јавните простори, кај угостителските објекти, во сообраќајот и индустријата. Со прибраните податоци ќе се зонира општината според степенот на бучава. Тоа ќе го отвори патот да се изработат мерки кои системски ќе го решаваат проблемот. Сега ситуацијата постојано е на раб на конфликт меѓу пријавителите и пријавените, информира МВР.