Општина Центар ја реконструира улица Загребска (фото)

Жителите на Мало Курило, делот на Водно, со години се жалеа на катастрофалната состојба на улица Загребска. Ударните дупки, кои беа опасност и за пешаците и за возилата, се создаваа од водата која се слеваше од Водно. На проблемите со пристапот се жалеа и од детската клиника за белодробни заболувања.

Општина Центар прво ги исчисти каналите за одводнување, кои се наоѓаат покрај самата улица и отстранети се 40 камиони смет. Надлежните го изгребаа стариот и оштетен асфалт и на негово место се става нов. Санацијата на улицата Загребска е во должина од 350 метри, на потегот од црквата Св. Јован до влезот на Мало Курило.

Граѓаните од Мало Курило, но и скопјани кои минуваат по овој дел на Центар се задоволни дека конечно се решава овој огромен проблем.

Ова е втора од единаесетте улици кои ќе се реконструираат на Водно, а се дел од акцијата „Нова пролет, нова офанзива!“ на општина Центар.

Следни улици на овој дел од Центар,планирани за реконструкција, се Христо Чернопеев и Партениј Зографски.

air max 90 essential sale