Општина Центар ја додели наградата „Феникс“ на најуспешните млади центарци

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска информираше дека на најуспешните млади центарци им ја доделил наградата „Феникс“.

Како што истакна во објавата на Фејсбук, преку наградата „Феникс“, Општина Центар им оддава признание на знаењето и талентот.

„Горд сум на нашите млади центарци кои преку науката, уметноста и спортот ја градат иднината на оваа општина. Честитки до сите наградени – вашата истрајност е наш заеднички успех“, истакна градоначалникот, додавајќи дека Центар стои зад нив!