Општина Бутел започна со реконструција на улицата „Симче Настевски“

По повеќе децении и на големо барање на жителите од овој дел на населба Радишани конечно започнува реконструкцијата на улицата Симче Настевски, напиша градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи

„Денес започнуваме со градежните активности за реконструкција на улицата Симче Настевски. Ова е значајна учица со површина од 2500 квадратни метри, односно над 500 метри должина на која ќе се врши комплетна реконструкција. Реконструкцијата на улицата Симче Настевски е дел од големата градежна офанзива со која ќе реконструираме 70 улици и вложуваме 150 милиони  денари.Ветувањата кон граѓаните се реализираат. Чекор по чекор ја градиме општина Бутел! Продолжуваме со силна динамика!“, напиша Костовски.