Општина Бутел со брза реакција го дочека првиот снег

Службите се на терен и расчистени се првите наноси на снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен.

- Апелираме до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот. Сите улици се проодни и во возна состојба. Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација, информира градоначалникот Дарко Костовски.