Општина Бутел објави јавен повик за финансиски средства за спортските клубови

Општина Бутел распиша јавен повик за доделување финансиски средства од Буџетот на општината во висина од 3.500.000 денари.

- И оваа година обезбедуваме финансиски средства кои се наменети за директна помош на спортските клубови. Средствата се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови кои функционираат на територијата на Општина Бутел, информираа од локалната самоуправа. 

Спортските клубови кои ќе пројават интерес за доделување на финансиски средства треба да ги исполнат критериумите објавени во јавниот повик.

Целосната документација која е потребна да се достави како и условите можете да ги најдете на следниот линк.

- Општина Бутел е најспортската општина во Македонија! - вели градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.