
Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски изминатиот викенд ја пуштија во употреба новата полициска станица Бутел.
- Конечно нашите полициски службеници добија достојни услови за работа каде што непречено ќе можат да ги вршат своите работни задачи. Новата полициска станица ќе биде на местото на домот “25 Мај” на улицата “Александар Урдаревски”, патот кон градските гробишта Бутел, порача Костовски.
На местото на старата полициска станица, општина Бутел ќе добие свој дом на културата и мега парк кој ќе биде наш нов симбол на културно - забавниот живот.
Истиот, како што информираше Костовски, ќе се простира на кат и приземје и ќе има површина од околу 900 м2.
- Проектот за овој капитален проект е целосно изработен. Ова е еден од проектите кој граѓаните на општина Бутел го очекуваат долго време и конечно ќе се реализира. Општина Бутел се развива и напредува, соопшти првиот човек на општината.