Општина Бутел беше домаќин на панел дискусија за политиката на интегритет за нула корупција

Денеска Општина Бутел во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер беше домаќин на панел дискусија на која се разговараше за политиката на интегритет за нула корупција.

Денешниот настан е продолжување на плодната соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

-Ми беше чест што заедно со директорот на Фондацијата Даниел Браун го отворивме овој настан. Директорот Браун во своето излагање пред присутните истакна дека корупцијата за жал е тема која ги засега сите сфери на општеството. Во оваа насока, со оваа иницијатива имаме намера во соработка со локалната самоуправа и градоначалниците кои се непосредна врска со граѓаните, заеднички да работиме во насока на градењето доверба. Патот е долг и токму затоа сум благодарен и на градоначалникот Дарко Костовски кој изрази интерес и спремност да се вклучи во оваа иницијатива, информира градоначалникот на општина Бутел.

Изминатиот период градоначалникот Костовски и Општина Бутел преземаа низа чекори и темелни заложби за борба против корупцијата.

0Отворивме телефонска линија на која граѓаните можат да пријават проблем, одржавме неколку едукативни работилници, се организираа отворени денови за да можат граѓаните многу полесно да пристапат и да се унапредат односите и комуникациите. Ние го сакаме нашиот народ и нашата нација, сакаме нашите поколенија да останат овде и да растат во општина во која се почитуваат законите и правото и во која нема корупција, објави Костовски.