Општина Аеродром со повик до граѓанските организации да ги споделат приоритетите

Општина Аеродром ги поканува на јавна дебата граѓанските организации за утврдување на приоритетите за новиот повик за истите, што ќе биде објавен на почетокот на 2026 година.

 Дебатата ќе се одржи на 22 декември 2025 (понеделник) во 11:00 часот, во салата на Советот на Општината. 

- Целта е заедно да ги обликуваме приоритетите и да обезбедиме транспарентен и инклузивен процес за идните иницијативи што ќе ја унапредат заедницата.  Приоритетни области се животна средина, социјална инклузија,  млади,  култура, велат од општината и додаваат: 

- Ве очекуваме. Вашето учество е клучно за создавање подобри и поинклузивни политики за сите жители на Аеродром!