Општина Аеродром промовира нов концепт за одржување на јавната хигиена

Преку соработка со приватен партнер Општина Аеродром промовира нов систем за одржување на јавните површини во општина Аеродром.

- Покрај тековните капацитети и лицa кои редовно се ангажирани од страна на локалната самоуправа, отсега хигиената и зеленилото во Аеродром ќе се одржува со зголемен капацитет на механизација, а со и тоа поголем број работници на терен, велат од општината. 

Градоначалникот Муцунски, на својата фејсбук страна потенцираше дека ветувањата за унапредување и подобрување на хигиената, дадени на почетокот на оваа година, се реализираат оваа пролет.

- Свесни за фактот дека хигиената во Аеродром може да биде на повисоко ниво, на почетокот на оваа година, ветивме дека ќе работиме на нејзинo унапредување и подобрување и тие ветувања ги реализираме оваа пролет. По реакциите и забелешките од граѓаните воведуваме нов концепт на уредување, чистење и косење во општината, истакна Муцунски.

- Здружени и со ваша поддршка ги решаваме најважните проблеми и предизвици. Новиот концепт започна да се применува од четвртокот и за само два дена целосно искосени се 80 илјади квадратни метри зеленило во Аеродром. „Со ова темпо продолжуваме и следните денови. Убеден дека, многу скоро ќе ја постигнеме, нашата заедничка цел: целосно зелена, уредена, убава и чиста општина Аеродром, заклучи Муцунски во својата објава.