Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и здружение кои дејствуваат на територијата на општина Аеродром.

Финансиската поддршка се доделува со цел подобрување на условите за професионален и рекреативен спорт во општината.

Поддршката е предвидена во неколку различни категории и тоа за:

- Спортски клубови и спортски здруженија

- Реализација на спортски манифестации

- Развој на училишниот спорт

- Надградување на квалитетот на часовите по физичко и здравствено воспитување

- Развој на спортот во делот на инклузија на учениците со атипичен развој

- Развој на женскиот спорт

Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од 24 февруари, а сите услови и документи кои се потребни можат да се видат на следниов линк: http://bit.ly/3ZlDYd7

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината секој работен ден.

Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“ и со назнака „За јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженијаи здруженија на граѓани, кои организираат спортски манифестации“.