Општина Аеродром: Ќе ги разгледаме барањата на лицата со оштетен слух

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска оствари средба со претставници од Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје. На средбата стана збор за проблемите и предизвиците со кои се соочува оваа група граѓани, како и за можностите за соработка на Здружението со Општина Аеродром.

„Во наредниот период ќе ги разгледаме барањата од Здружението, како што се отворен ден во нашата институција за глувите и наглувите граѓани со придружба од толкувач на знаковниот јазик, обезбедување толкувач за време на родителските средби во основните училишта, како и ослободување термини за спортување во спортските сали во рамките на училиштата“, велат од Општината.

На територијата на Општина Аеродром живеат околу 30 лица со оштетен слух, од различна возраст.