Општина Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во подготвување на буџетот за 2021 година

Општина Аеродром со цел да овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанскиот сектор во креирањето на буџетот за 2021 година, објави анкетен прашалник на кој граѓаните ќе можат да ги дадат своите мислења, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери во надлежност на локалната самоуправа.

Дадените одговори на граѓаните ќе бидат разгледани и анализирани од соодветните служби во општината, според кои ќе се креира буџетот за 2021 година.

Прашалникот е објавен на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: Анкетен прашалник, а ќе трае до 23 ноември.

Општина Аеродром како отворена, услужна и транспарентна општина  ги повикува граѓаните да го пополнат прашалникот и да се вклучат во подготвувањето на буџетот, кој е во нивни интерес.