Општина Аеродром доделува субвенции за топол оброк на учениците во основните училишта

Општина Аеродром објавува јавен повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта за учебната 2019/2020 година.

„Општина Аеродром со цел да му излезе во пресрет на секое семејство од подрачјето на Општина Аеродром што имало ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта и користел топол оброк за време на престојот, ќе му се исплатат средства во износ од 25% од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500 денари“, соопштија од Општината.

Јавниот повик ќе трае од 20 октомври 2020 година заклучно со 6 ноември 2020 година.

Сите детални информации може да се најдат на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/4545