Опожарил куќа во Шуто Оризари на лица кои биле во странство, полицијата го фатила на самото место

Синоќа околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека била опожарена куќа на подрачје на Шуто Оризари, сопственост на Р.Б.(57) и А.Б.(53), двајцата од Скопје, кои моментално се надвор од државата.

„На местото бил затекнат Е.Д.(51) од Гостивар, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.