Опожарено возило во Чаир

На 25.01.2022 во 23.45 часот на подрачјето на Чаир било пријавено дека настанал пожар во патничко возило „ауди а4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ф.(63) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

Полициски службеници  излегле на местото на настанот и извршиле разговор со Н.Ф., при што појаснил дека возилото било старо и некористено долго време, а пожарот најверојатно избувнал од спој на електрична инсталација.