
Oпожарено тело на машко лице е пронајдено во пожарот кој изби во круг на фабрики во скопска Гази Баба.
- На 13.12.2025 во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, информираа од полицијата.
Вчера, за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.