ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче ќе добие нова фитнес зона

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров денеска информираше дека ООУ „Мирче Ацев“ ќе добие нова фитнес зона.

Тој посочи дека во дворот на ООУ „Мирче Ацев“ ќе биде поставена нова современа фитнес зона на површина од 160 метри квадратни, со тартан подлога и 20 модерни елементи за калистеника.

„Ова не е само ново спортско катче - ова е простор каде нашите ученици ќе вежбаат, ќе се дружат, ќе градат дисциплина, самодоверба и здрав дух. Инвестираме во најмладите, во спортот, во здравјето и во вистинските навики од мали нозе. Продолжуваме да создаваме услови за активни, здрави и среќни деца“, порача градоначалникот.