ООУ „Димитар Миладинов" го одбележа празникот Масленица по руски или по македонски Прочка

Единственото училиште во Општина Центар, каде факултативно се изучува рускиот јазик, ООУ "Д. Миладинов" и оваа година го одбележа празникот "Масленица" по руски или по македонски "Прочка".

Ученицте со игра и песна ја испратија зимата и и посакаа добредојде на пролетта. Симболично, во дворот на училиштето запалија сламена кукла, со што на традиционален начин ја испратија зимата. На настанот присуствуваа Градоначалникот на о. Центар, Саша Богдановиќ и Амбасадорот на Руската Федерација во нашата држава, Сергеј Баздникин.