Онкологија: Поради биолошката терапија имаме долг од 650 милиони денари, за 5 илјади лица е зголемен бројот на болни од рак

Клиниката за Онкологија вели дека долгот што тие го имаат е поради зголемувањето од набавка на биолошката терапија. Според директорот на Клиниката, Игор Стојковски за Канал 5 вели дека за само една година има зголемување од речиси 5 илјади лица кои се болни од рак и со тоа има зголемување на трошоците.

Стојковски објаснува дека имаат разговори со ФЗОМ и ја објаснуваат состојбата со новите болни и дека мора буџетот да се зголеми со цел за секој пациент да има терпија. Сите долгови се кон добавувачи на лекови и во периодот и кога не бил директор долговите се само по основ на терапија.

Онкологија се соочува и со недостаток на медицински кадар. Во моментот се работи во две смени со цел да се намали метежот на пациенти кои доаѓат на клиниката. Вчера на прес конференција директорот ги објави болниците со најмногу долгови. Клиниката за онкологија има долг 650 милиони денари.