Онака како што мажот се однесува со вас, така и размислува за вас...

Се сеќавате кога бевме деца, ни велеа дека ако момче нè влече за плетенките или нè закача, со тоа покажува дека му се допаѓаме. Но, кога ќе пораснеме, работите се сосема поинакви. Ако мажот ви нанесува болка или ви прави проблеми, тогаш тој не се грижи за вас. Жените понекогаш одбиваат да поверуваат во тоа, па заглавуваат во лоши врски. Повеќе им веруваат на зборовите на мажот отколку на неговите постапки и начинот на кој се однесува кон нив.

Мажот ве цени ако се однесува кон вас со почит

Ако неговите постапки ве болат, ако се чувствувате незначајно, тогаш тој лошо се однесува кон вас. Ако мажот лошо се однесува кон вас, тогаш има лошо мислење за вас. Ако лошо се однесува кон вас, тогаш тој едноставно не ве сака и не  ве почитува. Не е важно што ви кажува, важни се неговите постапки. Ако не ве слуша, ако ве прекинува додека зборува, ако верува дека неговото мислење е поважно од вашето, ако е безобразен кон вас, тогаш вие не сте му важни.

Што да направите кога ќе сфатите дека неговите постапки го одразуваат неговиот став кон вас?

  1. Не го занемарувајте тоа, не затворајте очи на неговото лошо однесување и немојте да мислите дека ќе пројде само од себе. Колку повеќе трпите и прифаќате, толку полошо ќе биде неговото однесување.
  2. Не одговарајте на лошото однесување со лошо однесување. Тоа нема да ја спаси врската, само ќе ја направи понеподнослива.
  3. Ако нешто не ви одговара, разговарајте за тоа. На почетокот тој може да го негира тоа, но кога ќе ги изнесете фактите, нема да може да избега од тоа.

Морате да одлучите што е најдобро за вас и да не се откажете од тоа. Запомнете дека луѓето секогаш го кажуваат она што треба да го знаете. Само треба да слушате и да го набљудувате нивното однесување.