Она што си го научил, можеш и да го одучиш

Она што си го научил, можеш и да го одлучиш.

Да, во твојот живот имало моменти кои воопшто не биле убави. Некои од нив биле толку сурови што дури и си ги поттиснал, како никогаш да не се случиле. Разбирам и ако мислиш дека овој свет не е убаво место, но толку многу убавина се наоѓа во тебе. Можеби не ја гледаш и препознаваш, но секогаш постои некој кој е свесен за неа. За твојата магичност. 

Со секој нов ден ти добиваш шанса. Шанса да се грижиш за себе и да бидеш подобар кон себеси. Само е потребно да прифатиш одговорност. Одговорност дека ти си тој кој управува со својот живот. Нема тука вина. Ти си владетел на твојот живот и ти управуваш со него. 

Не дозволувај минатото да управува со сегашноста. Тоа ќе го правиш и во иднината. И така во круг. Магичен круг. 

Остави ги да одат по својот пат. Што ќе ти е некој што не е на твоја страна и што не те цени. Барем ти цени ја сопствената вредност. Замини си во мир и прости им. Ништо не вреди за да таложиш замерувања и осудувања во твоето срце. Кои сме ние за да судиме? 

Ти работи на себе, најдобро што можеш. Ден по ден. Биди истраен. Ти си толку моќно битие. Жал ми е што те увериле дека не е така, но сепак имаш избор, со секој нов ден на овој свет.

Понекогаш ни е полесно да останеме онаму каде што ни е познато, да играме улога на жртва, затоа што така сме научени, но не сме жртви. Ние сме создавачи.

Само е потребно да се преземе одговорност и да се напуштат познатите шаблони. 

Она што си го научил, можеш и да го одучиш! Со дисциплина и волја!

Само не се откажувај. Верувај во себе!