Омиленото летно овошје: 5 здравствени придобивки од смоквите

Ова овошје било омилено за античките богови.

Смоквите се спомнуваат во римската и грчката историја, а тие се поврзани со просперитетот, плодноста и општото добро здравје. Денес, смоквите се корисни за многу здравствени состојби.

Ова се 5 здравствени придобивки од редовното јадење смокви.

Подобро варење и дигестивно здравје

Смоквите го подобруваат нашето дигестивно здравје поради високото ниво на природни влакна кои ги содржат. Имаат пробиотски состојки кои истовремено го регулираат нашиот метаболизам и придонесуваат за подобро варење на храната. Но, за оние кои страдаат со проблеми со стомакот или желудникот, важно е да се внимава да не се претерува со количината која се консумира, бидејќи прекумерното количество би можело да создаде дополнителни проблеми.

Богати со антиоксиданти

Смоквите, особено свежите смокви се богати со полифеноли кои имаат антиоксидативни состојки, што значи дека го спречуваат оштетувањето на клетките и ткивото и на тој начин управуваат со процесот на оксидација во нашето тело.

 Регулација на нивото на крвниот притисок

Многумина од нас консумираат премногу сол во исхраната, што може да придонесе кон недостаток на калиум и проблеми со балансот во нивото на нашиот крвен притисок. Исхраната која е богата со овошје и зеленчук, вклучувајќи ги и свежите смокви придонесува кон регулација на крвниот притисок.

Подобро здравје на коските

Смоквите се одличен извор на минерали кои го подобруваат здравјето на коските. Тука спаѓаат калциум, магнезиум и фосфор. Тие се особено богати со калциум и тоа дури 3.2 пати повеќе од другите видови овошје.

Подобра исхрана и одржување на нивото на телесната тежина

Бидејќи се богати со природни влакна и витамини и минерали, тие се одлични за нашата диета, но и за одржување на телесната тежина. Свесни сме дека добриот метаболизам е основа за намалување на ризикот од прекумерна тежина, па затоа смоквите се одлични за тоа. Освен тоа, тие го намалуваат апетитот и така се одлична замена за ужина за разлика од други видови храна кои содржат многу калории.