Омажи се за човек кој знае како силно да љуби!

Ти заслужуваш љубов со самото тоа што си се родила на оваа прекрасна планета.

Но, не само тоа. Ти заслужуваш да бидеш сакана со страст. Ти заслужуваш да бидеш сакана од човек кој знае како силно да љуби.

Човек кој те гледа како да си направена од магија. Човек кој сака да помине прекрасна вечер со тебе, вечер во која страсно ќе водите љубов, но и ќе имате длабоки разговори кои ќе направат да заборавите дека постои надворешен свет.

Човек кој сака да ги знае твоите стравови, грижи, несигурности, фобии и двоумења и кој ќе те љуби уште посилно поради нив. Човек кој ќе те сака со страст и ќе те сака поради она што си.

Човек кој ќе те обожава во седум часот наутро, со полу-отворени очи и бушава коса, иако мразиш утра. Човек кој ќе те сака пред, за време и по твоето утринско кафе, без оглед на тоа дали тој ден си го сакаш одразот во огледало.

Човек кој во деновите кога ќе мислиш дека не заслужуваш љубов, ќе те потсети дека 100% ја заслужуваш. Затоа што тој не може да не те љуби. Затоа што е лесно. Затоа што тоа си ти.

Омажи се за човек кој ќе биде покрај тебе и додека траат бурите во твојот живот.

Човек кој ќе те слуша како ти поминал денот, кој знае точно како да те опушти и да ти помогне и да ти даде поддршка.

Човек кој ви ги масира стапаата, кој танцува со вас, кој знае кога да каже шега за да ви ја намали напнатоста.

Човек кој знае дека љубовта најубаво се искажува низ малите работи.

Омажи се за човек кој ќе те погледне во очи и ќе ти каже: „Ние го можеме ова. Ќе го надминеме ова. Нема за што да се грижиме.“

Човек кој сака да успеете и од срце се радува за вашите успеси.

Тој нема да биде љубоморен, напротив ќе се гордее што ве има покрај себе.

Омажи се за човек кој со својата љубов те прави слободна. Човек чија љубов те ослободува од сопствените граници и кој прави да мислиш дека се е возможно.

Човек кој ќе го отвори твојот свет.

Да, омажи се за човек кој љуби на овој начин и тогаш вистински ќе допреш до љубовта до која претходно немаше пристап.