Околу 4.000 кандидати пројавиле интерес за попишувачи и реонски инструктори, а на веб-страницата за Попис 2021 се објавени и детални информации за паричниот надомест на попишувачите.
Повикот за пријавување на заинтересирани попишувачи и понатаму е активен на истата веб-локација. На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.
Исто така, Државниот завод за статистика ја објави и висината на хонорарите според следниве критериуми:
Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува:
Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува: