Околу 200 хектари нискостеблеста шума гори во пожар кај Велес

Пожарот кој изби во текот на вчерашниот ден покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл’п, зафаќа површина од околу 200 хектари нискостеблеста шума, трња и габер, известува Центрот за управување со кризи (ЦУК).

На терен се екипа од шумската служба „Бабуна“ и месно население.

Според последните информации од терен, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и се очекува дека истиот во текот на денот ќе биде ставен под контрола.