ОЈО побара притвор за возачот кој ја прегази девојката кај Сити мол

Обвинителството ќе бара притвор Обвинителството ќе побара 22-годишниот Ј.Ѓ., возачот кој управувал со автомобилот „Цитроен Ц4“ кога вчеравечер беше усмртена младата Викторија од Радовиш, објави „А1он“.

Тој ќе биде спроведен во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка.

Возачот ќе биде обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, откако вчера удри во двајца пешаци на пешачки премин на крстосницата кај „Сити мол“, при што загина 24-годишната девојка, а нејзиното момче и врсник беше пренесено во болница со повреди.

Во меѓувреме, повреденото момче на 24-годишната радовишанка е пуштено на домашно лекување. Тоа имало набиеници на карлицата, соопшти директорот на болницата каде беше прегледан. Се наоѓа во тешка психичка состојба, видно потресен поради вчерашната трагедија. Обвинителството ги побара и снимките од надзорните камери на крстосницата, пишува „А1он“. Телото на Викторија е дадено на обдукција, по што ќе биде предадено на семејството. Кај возачот кој ја усмрти, направено е вештачење на примероци од урина и крв, за да се увиди дали возел во алкохолизирана состојба или со земена дрога.