
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата Ј.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
При преземање мерки и вршење увид било констатирано дека Ј.Т. го управувал електричниот тротинет под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава.