
Вчера во СВР Охрид било пријавено насилство во семеен дом во Охрид.
Според информациите, И.А. и Ј.А. во домот агресивно се однесувале кон нивната снаа, при што физички ја нападнале.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Во соработка со Центарот за социјални работи во Охрид, по целосно документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од полицијата.