Охриѓанец физички нападнал сограѓанин, па го избодел со остар предмет

44-годишен охриѓанец вчера бил уапсен затоа што физички нападнал 34-годишен сограѓанин, по што употребил и остар предмет и му нанел тешко го повредил.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (30.11.2025) во 10:45 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ф.(44) од Охрид.

Според пријавеното, тој во куќа во Охрид, физички го нападнал С.М.(34) од Охрид, при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.