Охрид и неколку други општини ќе светнат предновогодишно, Скопје веројатно ќе почека подобри времиња

Охрид ќе биде украсен за новогодишните празници, а нема да изостане ниту организираниот пречек на Градскиот плоштад, информира градоначалникот Кирил Пецаков. Скопје, веројатно годинава ќе остане без новогодишно украсување, градот се уште ја нема спроведено постапката за избор на компанија која ќе треба да го украси градот. 

Според Пецков, Охрид е туристички град и нема да трпи на украсувањето, ниту на новогодишната забава во која ќе уживаат охриѓани и туристите, иако е спротивно на владината одлука за штедење електрична енергија.

– Охрид е туристички центар. Јас се надевам дека нивните одлуки кои ги носат и менуваат од денес за вечер, неповрзано со енергетската криза, ќе почнат тие да ги почитуваат. А, пак ќе кажам, Охрид е туристички центар, што ќе го посетат огромен број туристи и секако градот нема да трпи, вели Пецаков.

Освен општината Охрид, во моментов и општините Струмица, Новаци и Ресен спроведуваат постапки за набавки на услуги за новогодишно украсување.