Огромен раст на интересот за купување на мебел и дизајн на ентериер: Ова се моментално најголемите трендови

Во последните месеци сѐ повеќе време поминуваме дома, што нѐ натера да поголемиот дел од енергијата и парите да ги вложиме во опремување на домот. Некои произведувачи и дистрибутери на мебел забележаа огромен раст во онлајн пребарувањето на одредени парчиња мебел, пред сѐ кога е во прашање мебелот за во градина или тераса – дури 260 проценти!

Не заостанува многу ниту интернет пребарувањето на поими поврзани со декорација и дизајн, кое што во текот на овие месеци порасна за 205 проценти. Во продолжение ви претставуваме неколку моментално највпечатливи трендови во дизајн на ентериер, како и совети како да ги примените во својот дом:

1. Добредојдовте во џунглата

Биофилниот правец во дизајнирањето на ентериерот и архитектурата почива на однесувањето на надворешниот свет, користејќи материјали, бои и текстури кои можат да се најдат во природата. Размислувајте во правец на сите нијанси на зелена, беж и земјени тонови, материјали како дрво, камен и ратан кои веќе не се резервирани само за тераси и градини. Од тука доаѓа концептот garden room, кој се постигнува со „трупање“ на природни собни билки од сите видови и големини, креирајќи права мала, зелена оаза во сред соба.

2. Мултифункционален простор (и мебел)

Со растот на популарноста на учење и работа од дома, мултифункционалните простори и парчињата мебел, станаа едни од водечките трендови кога е во прашање дизајнот на ентериер. Строго одвоените простории ги замени концептот на отворен простор, а кога се работи за мебелот, дизајнот отиде во правец на комбинирање на впечатлива естетика и универзалност, дури и во случаите со технолошките уреди. Телевизорите веќе не се само уред за емитување на содржина, туку дизајнерски парчиња кои го комплетираат просторот. Тоа е случај со новиот, несекојдневен Samsung телевизор под името The Serif.

Креиран од страна на познатите француски дизајнери, браќата Burule, The Serif не е телевизор чие место е покрај ѕидот – може да се наоѓа насекаде во просторијата, па дури и на самата средина. Без оглед на тоа каде ќе го поставите, со или без металната подлога, тој совршено ќе се вклопи во околината и изгледа одлично од секој агол, а достапен е и во небесно бела и небесно сина боја.

3. Принт на принт и мирис на југ

Како и во модниот свет, во последно време сѐ повеќе се зголемува комбинирањето на различните принтови истовремено – риги, цвеќе и геометриски примери, па не нѐ чуди наглиот пораст на интересирањето на шпанските бањи, кои ги карактеризираат разнобојните плочки со различни принтови. Интернет пребарувањето на овој поим порасна за дури 309 проценти во текот на 2020 година! Меѓутоа, не морате да застанете само кај бањата. Одважете се и внесете мирис на Мароко и југот на Шпанија и во остатокот на домот, во вид на подни решенија или детали по ѕидовите и мебелот.

4. Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто плаво

Оваа година ќе ја одбележи и стилот под името grandmillenial или поедноставно – спој на модерниот дизајн и ретро елементи кои изгледаат како да се наследени од баба. За успешно да го примените во вашиот дом, пуштете се во претрага на старите тавани и гаражи, но и пазари и антикварници. Институтот за боја Pantone ја избра сината боја за боја на годината. За поиновативен пристап, одберете монохроматски дизајн и обојте го целото катче во класична, кралска плава боја.

5.  Мурали, тапети, теписерии...

Што и да одберете од ова, акцентот е на ѕидот. Минимализмот повеќе не е императив, па бирајте тапети со акварел цветен принт, или они кои што се инспирирани од Јапонија.

Помеѓу водечките трендови се и ѕидови насликани со мурали, прекриени со слики и фотографии во рамки во различна големина и облик, како и таписерии. За посебен ефект, помеѓу останатите делови на ѕидот, вклопете го и несекојдневниот Samsung The Frame – телевизор и уметничко дело во едно.

Благодарејќи на специјалниот режим кој што овозможува прикажување на сликите и фотографиите во единствената Art Store продавница кога е телевизорот исклучен, како и рамката во боја по избор, секогаш можете да имате различна декорација.

Трендовите се понекогаш и контрадикторни, па често ќе забележите дека истовремено се ин и неутрални, природни тонови, но и разиграни цветни мотиви и јаки бои/ Затоа за крај имаме уште еден совет – бидете оригинални и не се колебајте да ги комбинирате наведените трендови на свој начин и во склад со својот ентериер. Сигурно нема да згрешите.

комерцијален текст