Ограбени две обложувалници во Скопје во ист ден

На 05.12.2021 во 09.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 05.12.2021 околу 18.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на бул.„АСНОМ“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.