Ограбена обложувалница во Ѓорче Петров

Минатата ноќ била ограбена спортска обложувалница во Ѓорче Петров.

-Денеска (29.05.2023) во 01.25 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана од вработениот одзело пари, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.