Ограбен маж на Камениот мост во Скопје

Полициски службеници вчера го приведоа А.Ќ.(23) од Скопје, фатен по извршено кривично дело „кражба“, соопшти МВР

А.Ќ. го извршил делото околу 16.55 часот на скопскиот Камен мост, при што од оштетениот О.К.(30) одзел пари. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.