Ограбен доставувач на приватна пошта

На 23.11.2021 околу 19.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.А.(36) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 16.30 часот, додека извршувал работни задачи со патничко возило за приватна брза пошта, во с.Радуша три лица со закана со оружје му одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.