Огнен мед: моќна мешавина од зачини што го буди телото и го смирува воспалението

Понекогаш најдобрите рецепти не доаѓаат од традиционалната медицина, туку од состојки што ги имаме дома — мед, малку зачини и доволно трпение да ги оставиме да се спојат.

Photo by Benyamin Bohlouli on Unsplash

Оваа едноставна мешавина што ја нарекуваат „огнен мед“ е традиционален ајурведски рецепт кој ја комбинира природната сладост на медот со силата на куркумата, ѓумбирот, биберот и циметот, создавајќи еликсир што го поддржува телото во моменти на воспаление, слаб имунитет или бавна дигестија.

Оваа комбинација е толку ефективна затоа што секој зачин има своја улога: куркумата ги смирува воспаленијата, ѓумбирот загрева и го активира варењето, црниот бибер ја подобрува апсорпцијата на корисните соединенија, а циметот додава стабилност и природна топлина во телото. Кога ќе се спојат со медот, кој сам по себе е антибактериски и богат со ензими, добиваме мешавина што го поттикнува имунитетот, ја олеснува надуеноста и ја поддржува природната одбранбена сила на организмот.

Рецепт за огнен мед

  • ½ чаша мед

  • 1 лажичка куркума

  • 1 лажичка мелено ѓумбир

  • ½ лажичка црн бибер

  • 1 лажичка цимет (по желба, но прави голема разлика)

Како се приготвува?

Најпрво нежно затоплете го медот само колку да омекне, без да го прегреете, зашто високата температура ги уништува корисните својства. Потоа измешајте ги сите зачини додека не добиете убава, рамномерна смеса. Ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја на собна температура. Оставете ја 1–2 дена да се инфузира, повремено промешувајќи. Со секој ден вкусот станува подлабок, а мешавината поефикасна.

Како да го користите?

Овој мед може да го користите на многу начини: една лажичка наутро за јакнување на имунитетот, растворен во топла вода за смирување на грло или дигестија, на тост, во чај, или пред тренинг за природен енергетски подигнувач. Малку е доволно, важна е доследноста. 

Она што го прави овој рецепт толку посебен е фактот што е едноставен, природен и делува со време, а не преку моментален ефект. Тој не е чудо кое лекува сè, туку мала дневна навика која го поддржува телото таму каде што му е најпотребно: во воспаление, во умор, во напнатост или во студени денови кога имунитетот лесно попушта.