Официјалните резултати од референдумот ќе бидат објавени утре напладне

Државната изборна комисија вечерва на прес-конференција соопшти дека на референдумското прашање „за“ гласале 500.323 или 91,25 проценти, а „против“ 31.886 граѓани или 5,82 проценти.

Од ДИК соопштија дека конечните официјални резултати од референудмот ќе ги објават утре околу пладне, бидејќи им треба време да ги соберат записниците од сите избирачки места, по што резултатите може да бидат официјални и конечни.