Оџакот на „Броз кафе“ ќе биде урнат

Општина Центар најавува дека на 13 ноември ќе го урива дивоизградениот оџак на „Броз кафе“. За активностите што ќе ги преземе Општината побара помош од МВР и Одделението за урбана полиција.

„При инспекциски надзор е утврдено дека инвеститорот ’Хорека – Броз кафе ДОО Скопје‘ без одобрение има изградено лимен оџак. Инвеститорот беше уредно известен дека Општина Центар донесе решение со кое треба самиот да ја отстрани дивоградбата во определениот рок, но тој не го испочитува“, велат од Центар.