Одмор во јуни, без гужви и цени на половина - каде е најевтино

Многу Македонци се одлучуваат на летување да заминат во месец јуни. Без гужви на плажи, и со цени на половина.

Туристичките агенции многу одамна излегоа со свои понуди. Дел од некои аранжмани и веќе се продадени. Каде е најевтино и како се движат цените, еве што велат од туристичките агенции:

Ако сакате оваа лето да патувате во Турција, пакет од седумдневен аранжман во хотел со 4** на почетокот на месец јуни чини околу 299 евра по лице, за полупансион.

Ако сакате да се одлучите за Грција, или пак конкретно за вториот крак, тогаш ви се потребни околу 190 евра по лице, за почетокот на месец јуни.

Сите агенции нудат и аранжмани за првиот крак, по цена од 170 евра по лице.

Околу 230 се движат цените за две лица, за сместување во познатотот црногорско месо Суто Море или пак во Будва.

И за Албанија се нудат аранжмани за почетокот на јуни, по цена од 140 евра за наем на студио, во непосредна близина на плажата.