Одлучив да бидам сама!

Верувам дека безброј пати сте чуле како не треба да трошиме време на будали и тоа е вистина! Мене ми се здосади од мојот љубовен живот.

Секогаш истата приказна: излегувам, запознавам некого, излегуваме неколку пати, се изнаслушувам разно-разни приказни и лоши клишеа и сѐ паѓа во вода. Моментално проаѓам низ период од животот во кој немам апсолутна желба да излегувам. Обидувај се, обидувај се, обидувај се – НЕ, ако треба да се случи, ќе се случи, навистина не можам веќе да се малтретирам. Не ми се излегува, во петок навечер најголема е веројатноста дека ќе ме најдете дома како си гледам серии на Нетфликс со пица и пиво покрај мене. Досадно ми е и ми треба одмор. Сама. Не осамена, само сама.

Премногу време потрошив барајќи и трудејќи се, но едноставно ниту еден од нив не беше тоа што ми треба. Од една страна благодарна сум, затоа што со секој нов доаѓав до сознанието што навистина сакам и можам, а што не сакам и не можам. Од друга страна постои и каење, затоа што на некои будали потрошив и премногу време мислејќи дека ќе се променат, а знаев дека нема да се случи тоа. Затоа, сега е време за самотија. Ми треба да бидам сама, без никого, да видам што ми ги полни, а што ми ги празни батериите, особено во ситуациите кога нема маж наоколу.

Ми треба самотија за да сфатам без што можам, а без што не можам.

Запознав толку многу лоши мажи и бев во толку многу лоши врски, што веќе од три километри можам да ги препознаам оние кои по заеднички помината ноќ нема никогаш повеќе да се јават.

Ги препознавам оние кои те сакаат до небо, но не можат да те сакаат само тебе.

Можам да ги препознаам и само такви гледам во последно време, затоа и ми е здосадено и затоа си требам самата на себе.

Излегувањата и потрагата по господинот Совршен можат да те заморат. И разочараат. А има и денови кога разочарувањата одат едно по друго. Затоа и овие денови сум сама. Си одмарам.

Во ниту еден случај не велам дека треба да се откажеме од мажи, врски, љубов и брак. Не, само велам дека не треба тоа да ни биде единствена цел во животот, затоа што колку повеќе се трудите да го најдете совршениот, толку помалку среќа ќе имате.

Едноставно препуштете му се на животот и бидете отворени за сѐ.

Верувајте ми, самотијата не е најлошата работа на светот.

А и велат: Ќе се случи кога најмалку очекувате. Еве ме, седам дома, јадам пица и не се надевам. Искрено.

nike air max 1 sale