Одлични совети за долг и убав живот

Сакате да бидете здрави и да живеете долго? За почеток, соблечете се, фрлете ги и високите потпетици и преминете од свежо на замрзнато овошје.

Според книгата која ја напиша еден од најпознатите специјалисти за рак, овие мали животни промени би можеле да ви донесат долговечност.

Денес ви даваме неколку совети од докторот Дејвид Агус.

Соблечете се и шетајте голи

Застанете пред огледало и добро погледнете се, однапред и одпозади. Ова ќе ви помогне да се истражите себеси и да можете да забележите симптоми на рак на кожа (ако ги има). Барем еднаш во некој одреден период, визуелно прегледајте си ја косата, ноктите и внатрешноста на устата.

Фрлете ги високите потпетици

Неудобните обувки предизвикуваат непотребно преоптоварување на стапалата, а тоа може да се прошири на целиот организам. Не постои полесен начин да се избегне ова од тоа едноставно да носите удобни обувки барем преку ден.

Утринско кафе

Кафето или чајот, доколку се конзумираат во умерени количини, позитивно влијаат на вашето здравје. Некои истражувачи сакале да докажат дека кофеинот е поврзан со срцеви заболувања, хипертензија, остеопороза и рак, но истражувањата го докажале сосема спротивното.

Секогаш јадете во исто време

Еден од најдобрите начини да го намалите стресот во организмот е да се придржувате до постојани рутини во сите 365 дена во годината. Ако на телото му го скратите оброкот кој го очекува, освен што ќе почувствувате глад, ќе поттикнете и лачење на кортизол, хормонот задолжен за стресот. Доколку не јадете кога треба  да јадете, ги саботирате и сите заложби да ги изгубите килограмите со кои се борите.

Вакцинирајте се против грип

Доколку една или две недели сте изложени на грип, ризикувате да добиете инфаркт, мозочен удар или рак. Луѓето и понатаму не се доволно упатени и мислат дека секоја вакцина има нус појави или дека содржат отрови, а тоа воопшто не е точно.

Станете

Постои докажана врска помеѓу седењето и кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот и прераната смрт. Дури и два часа вежбање не можат да ги поништат оние 22 часа кои ги поминување во седење.

Исправете се

Освен тоа што предизвикува проблеми со вратот и грбот, лошото држење може да предизвика и главоболка, артритис, лоша циркулација, болки во мускулите, тешко дишење и генерално лошо функционирање на организмот. 

Конзумирајте смрзнато овошје

Ако не сте сигурни дали овошјето коешто го купувате е навистина свежо, префрлете се на смрзнато овошје. Тоа би требало да било обрано баш кога било најзрело.

Избегнувајте ги витамините

Земањето витамински суплементи го зголемува ризикот од сериозни заболувања какошто е ракот. Телото ослободува „радикали“ кои ги напаѓаат „зарѓаните“ клетки, вклучувајќи ги и канцерогените. Оваа природна способност на организмот можете да ја блокирате доколку постојано внесувате „вештачки“ витамини.

Напијте се чаша вино

Црвеното вино го намалува ризикот од срцеви проблеми. Но, не треба да претерувате. Ако сте жена, доволна ви е една чаша дневно, а за мажите се препорачуваат максимум две чаши.

Смејте се

Смеењето ќе ви го поправи расположението. Тоа го поттикнува лачењето на ендорфини и серотонин, а тоа води кон намалување на стресот и зголемување на доброто расположение.