Одлични бизнис идеи, за кои ви требаат најмногу 1000 евра

Зошто да чекате некој да ве вработи, кога можете сами да почнете свој бизнис. 

Често пати за бизнис идеите проблем се парите, но има и бизниси кои не бараат многу пари за почеток. 

За сума до 1000 евра може да се почне со производсто на сапуни од етерични масла. 

Опрема која ви треба се калапи, шпорет, садови и дигитална вага. 

Трошоци ќе имате за основање на фирма, а сапуните може да ги продавате на правни и физички лица. 

Друг бизнис кој не бара многу пари е пакување на подароци. 

Ви треба мал простор, украсна хартија, кутии, фискална каса, панделки...

Потребна е естетика, искуство со аранжирање или некој завршен курс кој има врска со оваа работа. 

За бизнис кој ќе нуди услуга чување на домашни миленици ви треба простор, и да ги подмирувате давачките кон државата. При тоа можете да се грижите за домашните миленичиња додека ви се оставени на чување или по потреба да ги однесете на ветеринар.