Oдбележан патронот во општинското основно училиште „Св. Климент Охридски” во Бутел 

Во предвечерието на големиот христијански празник беше одбележан патронот на општинското основно училиште „Св. Климент Охридски”, во Бутел. 

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел. Дарко Костовски.

-Нашето општинско основно училиште, во кое го завршив моето основно образование, со гордост го носи името на првиот писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Во еден етно стил овогодинешната свечена манифестација не врати низ времето и не потсети дека треба да се почитуваме, да си ја сакаме и негуваме традицијата и да си ја чуваме Република Македонија. Свети Климент, кој ја создаде кирилицата учеше: “Тргај се од злото и прави добро!”. Токму оваа негова мисла треба да ни е водилка во нашето секојдневие. Да создаваме и правиме добро, добро за нашиот народ, за нашите граѓани, за идните генерации - порача Костовски.