Од возило во движење, пукано во скопјанец кај влезот во Арачиново - со прострелни рани завршил во болница

Ноќеска околу 01:50 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен А.М.(48) од Скопје со повреди од огнено оружје.

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на Арачиново, откако од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба со друго лице, со огнено оружје пукало кон него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.