Од утре се воведува автобуската линија 50А - еве на која релација ќе сообраќа

Од утре трасата на автобуската линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од возилата ќе возат до Хиподром 2 со ознака 50А.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, возилата на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линија 63 и ќе ги користат постоечките постојки на трасата.

Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk, означен со ѕвездичка, во делот на возен ред на линија 50.