Од утре рестораните и кафулињата со ново работно време

Министерот за здравство Венко Филипче објави на неговиот Фејсбук профил дека на денешната седница на Влада е усвоен предлогот угостителските објекти да работат до 21 часот почнувајќи од 21.01.2021.

Иако вчера министерот по економија, Бектеши, најави дека можно е угостителските објекти да работат до 23 часот, сепак Филипче пишува дека е рано за тоа.

– Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот, напиша Филипче.

Тој најави дека следната недела можно е олабавување на мерките.

– Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, заврши тој.