Од утре летно работно време на паркинзите на „Градски паркинг“

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје информира дека од утре ќе важи летното работно време на јавните површини - зони за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

-Потенцираме дека корисниците на јавните паркиралишта треба да ги запазат промените, односно плаќањето за паркирање да се извршува во наведеното време, со цел да не дојде до непотребна санкција, соопшти „Градски Паркинг“.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д, ќе биде од понеделник до сабота: 07:00 - 23:00 часот.